Фото: Manchester United

Манчестер јунајтед го избрал тренерот за наредната сезона

Раководството на Манчестер Јунајтед би можело веќе во текот на оваа недела да го реши тренерското прашање за следната сезона, а според англиските медиуми, главен кандидат за постојано решение е сегашниот предводник Мајкл Керик.

Како што пренесува „Атлетик“, извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс планираат на состанокот на управата да го предложат Керик за нов шеф на стручниот штаб. Последниот збор, сепак, ќе го има косопственикот на клубот Џим Ретклиф, кој во моментов ги носи главните одлуки во спортскиот сектор.

Иако официјална потврда сè уште нема, сè погласни се најавите дека поранешниот играч од средниот ред на Јунајтед ќе остане на клупата и следната сезона. Во клубот веќе го вклучиле во разговорите околу летниот преоден рок и планирањето на тимот.

Керик ја презеде екипата во јануари како привремено решение по заминувањето на Рубен Аморим, во период кога Јунајтед се наоѓаше на седмото место во Премиер лигата. Оттогаш тимот бележи значителен напредок и моментно е на третата позиција, со обезбедено место во Лигата на шампионите.

Во Манчестер разгледувале и други тренерски опции, меѓу кои биле Андони Ираола и Унаи Емери, а биле направени и дополнителни проверки за уште неколку кандидати. Сепак, резултатите што Керик ги оствари за краток период му донеле сериозна предност во трката за тренерската функција.

Важен фактор во одлуката е и претстојниот преоден рок, бидејќи во клубот сметаат дека е клучно што поскоро да биде познато кој ќе го води тимот во новата сезона, особено поради преговорите со потенцијалните засилувања.

ВИДЕО | Македонец тргна да се тепа со грчки судија — доби суспензија од 17 натпревари

ВИДЕО | Aрапи се тепаа со палки на дербито во Саудиска Арабија

УЕФА го казни Фенербахче со десет милиони евра, сомнителен бил договорот со Мурињо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот