Мамурлак? Еве како да се опоравите и веднаш да бидете како нови
Доколку ве мачи главоболка од вечерното лудило и пијанство, се чувствувате како сте болни и не сте за ништо, еве неколку испробани традиционални намирници кои можат да ви помогнат да ги ублажите симптомите на мамурлакот и за кратко време повторно да бидете како нови.
Препорачано
Многу вода
Водата ќе ви помогне да ја вратите течноста по дехидрација и да го исчистите вашето тело од токсини. Немојте одеднаш да пиете неколку чаши, туку пијте по неколку голтки одвреме-навреме.
Аспирин
Една или две таблети аспирин ќе направат чуда за главоболка, но и за болки во мускулите, ако танцувавте до исцрпеност.
Двопек
Важно е да јадете нешто. Со оглед на тоа дека вашиот стомак, уморен од гозба и алкохол, тешко ќе прифати уште една тура мрсни задоволства, се препорачува прво да започнете со мали залаци тостиран леб или двопек.
Супа од домати
За да го вратите нивото на потребните минерали како магнезиум и калиум, добро би било да јадете топла супа од домати. Доволно ќе биде на малку маслиново масло да испржите конзервирани или свежи домати исечкани на коцки, да ги посолите и по избор да ставите прстофат босилек.
Пилешка супа
Вкусната пилешка супа ќе ви помогне да ги вратите сите потребни витамини, да се рехидрирате а во исто време ќе ве загрее и расположи.


