МАМАВИЗИJA | Од спонтан абортус до бременост со пет плода – несекојдневна приказна на трудницата Маја
„Мамавизија“ и овојпат ви носи една несекојдневна приказна. Скопјанката Маја Наумовска Бабаунски е мајка на едногодишните близначиња Срна и Ведран, но за да стигне до моментот да ги држи во раце, поминала многу премрежја. Заедно со сопругот силно верувале и посакувале да станат родители и не се откажувале пред ниедна препрека. Сега одново во блажена состојба, Маја во осмиот месец од бременоста ја прифати поканата да ги сподели своите искуства.
Препорачано
– Мојот пат до мајчинството не е поплочен со рози. Сè започна на медениот месец во Шпанија, кога останав бремена. Многу се израдувавме со сопругот, но радоста траеше кратко, бидејќи го загубив плодот. Следеа низа испитувања, прегледи, различни стручни мислења, за на крај да стигнеме до д-р Митко Ивановски кој ми дијагностицираше септум. Тоа е преграда на матката, подоцна дознавам, многу честа појава кај жените. Еден од главните фактори за спонтан абортус – вели таа.
Нашата соговорничка долго време била во подрага по одговор како ниту еден од лекарите дотогаш не го забележале септумот, кога се гледа на ехо.
Набргу потоа, Маја останува бремена по природен пат.
-Одиме на преглед и докторот го вика сопругот: „Дојди, дојди да видиш. Гледам два плода, не, три се, поточно гледам пет сакуси, од кои едниот за жал не е витален, но другите четири се во одлична форма“. Тоа значеше четири бебиња – низ смеа се присетува таа.
Ќе зборуваме за тоа како ја поднеле веста дека ќе имаат четири бебиња, која била препораката на докторот и крајната одлука, за тоа како се чувствува сега во осмиот месец и на кој начин се подготвува психички да има бебе покрај близначињата од една година. Имаме одличен разговор исполнет со многу убаво искуство од кое можете да научите многу.
Гледајте „Мамавизија“ премиерно вечерва во 20 часот на јутјуб -каналот на „Слободen печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.


