Милева Велкова / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Кометалката Милева Велкова: Играв бремена, ме удрија по стомакот

Познататата ракометарка Милева Велкова, која ја паметиме по златната ера на Кометал Ѓорче Петров, за првпат проговори јавно за нејзиното мајчинство. Таа е мајка на убавите Ања и Ива, веќе големи девојки.

Интересната спортска љубовна приказна помеѓу неа и нејзиниот сопруг, голманот Ангел Велков, е позната за пошироката јавност, а таа во „Мамавизија“ открива дека се запознале природно на спорстките терени. Во емисијата раскажува за нејзиното забременување.

– Кога открив дека сум бремена со Ања, требаше да се оди за Хрватска, да се игра квалификациски натпревар за Европско во Норвешка, 1998 година. Само најблиските знаеја дека сум бремена. Влегов во соблекувалната на противниците, и на Хрватките им велам: „Девојки, јас сум бремена, само не ме удирајте по стомак.“ Се согласија, но на крајот од натпреварот се случи едната од нив да ме удри со лакт по стомакот. Многу ме болеше, погледнав дали имам крв и ми олесна. Докторот ме зема во раце и паметам ми рече „Ми скрати десет години од животот.“ Јас му велам: Докторе, ми се смали болката, пушти ме назад да влезам на терен, моите дома ќе умрат сите. Зошто ме нема на терен!?“- се присетува Велкова.

Таа вели дека многу малку ја гледала првата ќерка, поради многуте активности тој период.

– Имав полни 29 години кога ја родив Ања. Малку време поминував со неа. Од нејзини шест месеци, па до 5-6 години поради ракометот ретко ја гледав. Времето кога бев дома го поминував со неа, но бидејќи активно играв, многу патував. Буквално ја израснаа баба, дедо и тато. Мама беше тука привремено само. Бидејќи во тој период, навистина имавме многу обврски и кон клубот и за репрезентацијата и многу малку време поминувавме дома и целото тоа време ѝ го посветував нејзе. Од таа причина кога сакав втор пат да се остварам како мајка, реков, кога ќе завршам со ракометната кариера, тогаш сето тоа што сум го испуштила со првото дете, ќе го надоместам со второто – вели Велкова.

Нашата соговорничка се присетува и на втората бременост, на породувањата, за тоа како нејзините ќерки се растени во друштвото на славните Кометалки и која од нив им е кума.
Погледете ја новата „Мамавизија“ премиерно вечерва со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот