Калтрина Круезиу - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Калтрина Круезиу - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Калтрина: Се поправив 26 килограми кога останав трудна, не ми беше важно како изгледам

Апелира до сите трудници да внимаваат и да не се опуштаат толку, не поради изгледот, туку поради здравјето

Таа важи за една од највпечатливите жени во Македонија, на нејзиниот атрактивен изглед никој не останува рамнодушен и тоа често ќе го сретнете низ медиумите за професорката Калтрина Круезиу. Но, за неа најважното нешто во животот е моментот кога станала мајка.

Калтрина открива дека телото драстично ѝ се променило кога била трудна и апелира до сите трудници да внимаваат и да не се опуштаат толку, не поради изгледот, туку поради здравјето.

– Јас никогаш не сум била дебела, генетски сум била во добра форма, но пред бременоста не вежбав. Кога останав трудна, тој период многу се опуштив, јадев многу, не внимавав воопшто и не се грижев како изгледам, згора на сè и воопшто не се движев, секаде со кола. Кога се породив, е таа слика во огледало ми беше шок. Бебето излезе и тежеше 3.300 килограми, а кај беа другите дваесет и две-три? На мене беа! – вели низ смеа таа.

Едно поинакво интервју со популарната инфлуенсерка и мејкап артист, која за првпат пред јавноста раскажува за патот кон мајчинството, за тоа дека поминала низ тешка фаза кога мислела дека нема да остане бремена, за тоа колку синот Уран е за неа ѕвезда водилка, како и за тоа колку ѝ се променил животот откако е самохрана мајка.

Погледнете ја новата епизода на „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот