Дороти Пачкова /фото: Слободен печат

МАМАВИЗИЈА | Дороти Пачкова: Не гледам проблем детето да спие со мајката, нашите предци спиеле на куп пред огништето

Оправдувате ли спиење со детето и до која возраст? Постојат ли правила за ова или секој дом си го крои односот со блиските како што милува? Во денешната епизода на „Мамавизија“ со нашата гостинка Дороти Пачкова отвораме повеќе важни теми, од тоа како е да се биде самохран родител денес, до тоа дали им е тешко на самохраните родители да запознаат нов партнер. Таа отворено зборува за тоа како откако останала бремена, останала сама и одбрала надвор од градот да ја помине бременоста сосема сама.

 

Пачкова во емисијата ни раскажува како се запознала со нејзиниот сопруг и дали е тешко да се создава нова заедница.
Таа е една силна и инспиративна личност, мајка е на три деца Маркијан, Ноа и Софија.

За Пачкова спиењето на бебето, па и детето, во кревет со мајката не е некој грев.

– Ако малку се навратиме на нашата традиција ќе видите дека во минатото сите спиеле во една соба, не во други кревети или друга соба, туку сите спиеле на купче. Времињата биле ладни, покрај огништето биле сите сместени. И тоа носело големи бенефити и сè уште верувам дека носи, токму поради фактот што во таа животна фаза кога бебето е новороденче или во првата година од животот се развива, не само нервниот систем на бебето, туку се развива и врската, во првата фаза помеѓу мајката и бебето, потоа и меѓу останатите членови на семејството. Тоа е онаа праконекција која утре тоа дете ќе ја преигрува, пререлаизира и во партнерските и во пријателските односи и во односот на кариерата. Јас сè уште спијам со Софија и со Ноа и не гледам проблем во тоа, напротив – вели таа.

Погледнете ја новата епизода на „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20 часот на јутјуб на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот