Кристина Ампева / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Ампева: Тоа што ѝ се случи на ќерка ми го разбуди активизмот во мене, претходно бев послушник

Taa e една од најгласните aктивистки, долгогодишен борец за права на работниците,  координаторка и претседателка на здружението „Гласен Текстилец“. Кристина Ампева низ смеа ја прифати поканата да ја раскаже нејзината приказна за мајчинството. Вели: „Ете, нека видат дека и јас сум мајка, човек од крв и месо, а не вештерка како што многумина ме нарекуваат“. За првпат пред јавноста во „Мамавизија“ зборува за нејзиниот приватен живот.

Ампева е сопруга на Денис, за кој вели дека ѝ е најголемата животна поддршка, и со кого имаат три деца: Светлана (20), Анџела (13) и Илијан (11).

– Поради мојот нарав и мојата преголема ангажираност, спонтано, одговорностите и обврските околу децата во поголемиот процент му припаднаа на мојот сопруг. Тој храбро ја поддржа мојата желба да се борам јавно, да се бунтувам, на сметка на тоа тој да се грижи за потребите на децата – вели таа.

Партијата стоела зад нив

Животот како мајка воопшто не ѝ бил розов, токму порад тоа и се променила, како што вели, претходно била мирна и послушна работничка од приватниот сектор.

– Имавме страшни проблеми кога Анџела беше многу мала. Тоа не требаше да му се случи на дете од година и пол. Имавме серизоен инцидент во градинката каде што ја носевме, нашиот случај тогаш беше и јавно експониран. Тоа повлече големи последици за нашата ќерка по нејзиното здравје. Ветивме дека нема да зборуваме пред неа за тоа за да не ѝ ја влечеме траумата. Е, тогаш сфатив во каков систем живееме. Кога ми се обратија со тоа дека сè ми било џабе, партијата стоела зад нив. Тогаш се променив, излезе гневот од мене. Јас претходно бев обичен текстилен работник , тивка и послушна, но гневната мајка ја разбуди активистката во мене – раскажува Ампева.

Нашата соговорничка раскажува какви ѝ биле трите бремености, се присетува на породувањата и на одлуката сите да ги роди во Скопје, поради лошата состојба на штипската болница.

Ампева е од Велес, а за мајка си раскажува со солзи, во очите со силни емоции, бидејќи ја загубила кога била многу млада.
Гледајте ја новата епизода на „Мамавизија“ на јутуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот