Соња Алексоска Николоска - Фото - Слобод3ен печат - Методи Здравев
Соња Алексоска Николоска - Фото - Слобод3ен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Алексоска-Неделковска: Го загубив плодот, Евровизија ми беше терапија

Соња Алексоска-Неделковска, докажаната новинарка и сопругата на славниот текстописец Огнен Неделковски, добро ја познава кариерата на Тоше Проески, кој бил редовен гостин во нивниот дом. Во оваа епизода на „Мамавизија“, таа зборува за мајчинството.

Соња и Огнен сакале ќерка, но Огнен посакувал и син што ќе се вика Филип, има и анегдота за тоа како нивниот син го добил името.

Во „Мамавизија“ таа за првпат ја раскажа својата патека до мајчинството. За премрежињата и борбите, за солзите радосници и болката што разорува спомени.

-Јас и денес кога ќе слушнам „загаден воздух“ многу се грижам за трудниците и за бебињата во стомакот. Поминав низ многу тежок период во мојата втора бременост што траеше кратко. Неофицијално некаква бактерија во воздухот го уништила плодот, отприлика така тогаш ми беше објаснето. Во тоа време не се зборуваше и не се знаеше многу за штетните честички во воздухот што го дишеме – се присетува со силни емоции Алексоска-Неделковска.

Тоа било во 2005 година, кога Евровизија се случуваше во Киев. За нашата соговорничка покрај моќната победа на Руслана, оваа Евровизија има многу подлабоко значење.

-Се акредитирав да ја покријам манифестацијата за тогашен „Дневник“. По кратко време дознав дека сум бремена. Јас и Огнен многу силно посакувавме второ дете, а во тој период и Филип мал, бараше братче или сестриче. Морав да го откажам патувањето, се работи за многу напорна работа и не сакав да ризикувам. Колешката што требаше да ме замени неколку пати ме препраша дали сум сигурна дека нема да одам јас, на што последниот пат ѝ одговорив на повисок тон „Доста ме прашуваш, ти ќе одиш во Украина, јас сум бремена, не можам, би одела само ако го загубам бебето.“ Реков и во исто време се сепнав што кажав – раскажува таа со кнедла во грлото.

Не е лесно да се присетите на болката што сте ја поминале и одново да ја преживувате, но нашата соговорничка, силна мајка, храбро ја сподели својата приказна за да испрати една голема утеха за секоја мајка, за секој татко што ќе се пронајде.

-Бев на контрола, тоа беше вториот месец од бременоста. Докторот ми нагласи да живеам спокоен живот, да функционирам нормално и да дојдам за десет дена на контрола. На таа контрола ми беше соопштено: „Соња, плодот не го бидува“ – вели таа.

Во емисијата Алексоска-Неделковска се присетува на нејзиното детство, на животот во Гостивар, на многу убави моменти што ќе ве расположат и вас.

Гледајте „Мамавизја“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот