МАЛМЕД ги достави сите документи за Онкологија до Анкетната комисија во Собранието
Агенцијата за лекови и медицински средства изразува длабока загриженост за случувањата на Клиниката за Онкологија и бара надлежните институции целосно и праведно да го расветлат случајот.
Препорачано
Агенцијата во целост ја поддржува работата на Анкетната комисија за случувањата на истата клиника и во насока на тоа даде придонес со активно учество на седницата на анкетната комисија на 27 и 28 октомври.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека во целост е одговорено на барањата на Анкетната комисија и доставена е целокупната побарана документација која е во надлежност на МАЛМЕД а во интерес на заштита на јавното здравје на граѓаните. Агенцијата и покрај тоа што нема надлежност над работата на клиниките и болниците вклучително и ЈЗУ УКРО, работи посветено да обезбеди квалитетни и безбедни лекови. Граѓаните треба да бидат спокојни дека со постапките кои ги спроведува Агенцијата согласно законот добиваат квалитетни и безбедни лекови. Приоритет на Агенцијата останува заштита на јавното здравје на граѓаните“, велат од МАЛМЕД.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
29мин
-
37мин
-
51мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


