МАЛМЕД: Досега се пријавени околу 110 несакани реакции од вакцините против ковид-19

фајзер вакцина
Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Околу 110 пријави за несакани реакции од вакцините против коронавирус стигнале до Агенцијата за храна и лекови – МАЛМЕД од почетокот на процесот на имунизација до сега.

– Во периодот од 17.02.2021 до 27.05.2021 година до МАЛМЕД се пристигнати околу 110 пријави на сомнеж за несакани реакции од вакцини против ковид-19 по спроведена вакцинција на 227.963 лица во нашата земја. Најчесто се пријавени несакани реакции со лесна симптоматологија како болка и оток на местото на апликација, зголемена телесна температура, малаксаност, главоболка, болка во мускули, гадење и вртоглавица, велат од МАЛМЕД за Слободен печат.

Оттаму нагласуваат дека сите досега пријавени несакани реакции се опишани во упатствата за употреба на вакцините и не се случило никој да пријави животозагрозувачка состојба.

Пријавите за нус појави од вакцините се проследуваат до глобална електронска база на податоци за несакани реакции на лекови на Светската здравствена организација со седиште во Шведска „Uppsala Monitoring Centre“ (UMC) по што стануваат дел од документацијата за безбедноста на лекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот