Малку е да се каже дека е непрепознатлив: Мики Рурк повторно шокира со изгледот

Profimedia

Американскиот глумец и сценарист Мики Рурк, веќе неколку години шокира со својот изглед.

Деновиве е во Атина во пресрет на почетокот на снимањето на неговиот нов филм „Man Of God“.
Откако се симнал од авионот, глумецот постојано носел заштитна маска. Кога фотографите го замолиле да ја симне маската за да го фотографираат, сите присутни останале без зборови.

Поради очигледната зависност од естетските зафати, Рурк не личи на себе, но очигледно нему тоа не му пречи и продолжува да го прави тоа.

Погледнете ги фотографиите, малку е да се каже дека е непрепознатлив.

Мики Рурк во Атина/Profimedia
Мики Рурк во Атина/Profimedia
Ким Бесинџер и Мики Рурк во „Девет и пол недели“/Profimedia

Рурк беше во врска со бројни ѕвезди и двапати во брак. Со Дебра Феуер се ожени во 1981 година, а парот беше во брак до 1989 година. Со колешката Каре Отис се венчаше во 1992 година, но нивниот брак од самиот почеток беше полн со скандали.

Мики Рурк и Дебра фауер/Profimedia

 

Актерот дури и беше уапсен поради обвинение за семејно насилство, но подоцна таквото обвинение беше отфрлено. Од 2009 до 2015 година, Рурк беше во врска со руската манекенка Анастасија Макаренко.

Во текот на кариерата често беше вмешан и во политиката. Мики Рурк е огромен љубител на животни и обожaва кучиња, а поради тоа е дел од бројни организации за заштита на животните.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот