Мала астро школа: Како размислуваме? На кој начин расудуваме?

дневен хороскоп

Меркур не ја претставува нашата личност, туку начинот на нашето рамислување.

Наталниот Меркур во астролошките куќи ни дава драгоцени податоци за нашиот начин на размислување и расудување: оваа планета е поврзана со логичното и рационалното размислување, но и со движење, како на телото така и на идеите.

Меркур е нашата интелегенција, тој го претставува мозокот и сите функции на овој витален орган. Каде и да се позиционира во наталната карта, ќе ни покаже каде ги концентрираме нашите умствени енергии и каде е природно, за нас, да ја изразиме интелигенцијата.

Меркур не е нашата личност, туку нашето размислување: на пример, ние сме емоционално кревки и многу емотивни бидејќи имаме Месечината во Рак,  но имајќи го Меркур во Девица стануваме многу рационални и знаеме дека нема причина да бидеме толку вознемирени и сè да земаме при срце.

Ајде детално да ја видиме улогата на Меркур во дванаесетте астролошки куќи.

Што значи да се има Меркур во 1 куќа: Оваа позиција укажува на личност која е искусна во комуникациите. Роден оратор. Пријателска личност со која е многу лесно да се разговара. Многу способна да ги убеди и зближи луѓето. Вечен тинејџер, Петар Пан, и секогаш со насмевка на лицето, дури и со текот на годините – ќе остане младешка личност и ќе претпочита да биде опкружена со млади луѓе. Отворена личност која ви кажува сè што мисли. Интелигенцијата е нагласена.

Меркур во 2. куќа: Укажува на личност која зборува интелигентно. Секој збор е алтан. Елоквентна, а особено генијална кога станува збор за банкарство, недвижнини или едноставно управување со пари и семејни ресурси. Многу артикулирана во комуникацијата, а меморијата никогаш не ја изневерува. Личност која е склона брзо да научи нови јазици.

Меркур во 3. куќа: Мора да се каже дека личноста со ваква поставеност на Меркур има златни раце: укажува на талентирани сликари, пијанисти, дизајнери итн. Сепак, ќе забележите, дека оваа личност секогаш има зафатени раце. Личност која сака да ги запише своите мисли, полесно отколку да ги искаже вербално.

Меркур во 4. куќа: Меркур овде означува многу гласна личност во однос на својата татковина и своето детство. Сака да зборува за својот народ и обичаите на земјата од кадешто доаѓа. Личност која најчесто комуницира со луѓе што навистина добро ги познава. Ваквата поставеност дава длабоки мислители. Многу приемчива личност и „сунѓер“ во однос на апсорпцијата на вистините во животот.

Меркур во 5. куќа: Оваа позиција дава идеалистички перцепции за животот, незрелост и не баш реално расудување. Личност која на светот гледа со розови очила, романтична личност. Сепак, станува збор за луѓе благословени со креативен ум и златни идеи.

Меркур во 6. куќа: Мисли склони кон конфликт. Невроните постојано се занимаваат со решавање на проблеми и истовремено со создавање нови. Личност која вербализира конфликти и која е многу артикулирана во однос на теми како што се фрустрација, проблеми и вина. Оваа поставеност дава големи психијатри и психоаналитичари. Сепак, дава и личност која хронично се жали. Искреноста не е во преден план.

Меркур во 7. куќа: Меркур тука секогаш бара компромис,  со своите зборови секогаш се обидува да ги реши конфликтите. Дава одлични дипломати и политичари. Личност која има аналитички и логичен ум.

Меркур во 8. куќа: Ова е прилично проблематична поставеност на Меркур. Тука умот е во можност да истражува сè што е мистично, скриено и мистериозно. Дава личности кои се склони да размислуваат за заговори, често со мрачни мисли, иако се многу свесни за многу работи – не зборуваат многу за нив. Личност која има проблем отворено да разговара со другите. Одлична поставеност за детективи.

Меркур во 9. куќа: Ментална острина во однос на религијата, религиозна личност. Одлични оратори иако и самите не веруваат во тоа што го зборуваат. Личност која лесно прифаќа различни размислувања, заинтересирана за многу култури. Сепак, дава незрелост во однос на духовните и идеалистичките концепти. Оној кој знае сè, на крајот не знае ништо.

Меркур во 10. куќа: Дава личност која со своите зборови многу лесно може да влијае врз луѓето. Харизматична личност, одличен лидер. Меркур тука успева секогаш да излезе од неволја токму преку комуникацијата. Интелигенцијата е компетентна, сè мора да се хиерархизира. Голема ефикасност и брзина на мислата.

Меркур во 11. куќа: Меркур тука сака да размислува „на големо“. Дава одлични економисти и трговци. Дава личност со футуристички и апстрактен ум, познат по својата дружеубивост, а кругот на пријатели го сочинуваат луѓе со невообичаена интелигенција. Личност која може да направи врски помеѓу нештата што очигледно се многу одвоени, може да види нови решенија за проблеми што сè уште никој не ги замислил. Зборовите се инспиративни.

Меркур во 12. куќа: Мислите на личноста се приватни и не се достапни дури ни за најверниот пријател. Визионерска и надреална личност, со надарена креативност. Повеќе големи писатели на научна фантастика ја имаат оваа поставеност на Меркур. Дава личност која како постојано да разговара со универзумот со кој си разменува тајни пораки. Тука Меркур не комуницира интензивно со надворешниот свет, туку со внатрешниот. Сепак, границите на умот не се стабилни и постои можност од ментални заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот