Фото: EPA-EFE/MICHEL EULER / POOL MAXPPP OUT

Макрон се соочува со најтешкиот момент во својот мандат

Довербата во францускиот претседател Емануел Макрон падна на 25%, најниско ниво од неговото доаѓање на власт во 2017 година. Новото истражување Toluna-Harris Interactive за LCI покажува дека јавноста сè помалку верува во политичкиот курс на Елисејската палата. Паралелно, рејтингот на премиерот Себастијан Лекорну исто така опаѓа, што отвора прашања за стабилноста на владата и нејзиниот капацитет да одговори на растечкото незадоволство во земјата.

Довербата на нацијата во претседателот на Франција Емануел Макрон падна во декември на само 25 отсто, јавуваат француските медиуми повикувајќи се на денеска објавените резултати од истражувањето на јавното мислење, објави „TF1info“.

„Божик не ја врати довербата на францускиот народ во извршната власт. Според интерактивниот барометар Толуна-Харис за LCI, објавен овој петок, само 25% од населението вели дека му верува на претседателот Емануел Макрон“, пишува порталот TF1info, наведувајќи дека тоа е за четири процентни поени помалку отколку во ноември.

Шефот на државата го достигна својот најнизок рејтинг од стапувањето на функцијата во 2017 година, што е еднакво на нивото забележано во октомври 2025 година, истакнува TF1.

Истовремено, истражувањето покажува дека францускиот премиер Себиастијан Лекорну во декември ужива доверба кај 34% од испитаниците, но и неговиот рејтинг е во пад – за еден процентен поен во однос на ноември.

ФОТО | Џеј Ди Венс тренираше со морнаричките „фоки“: Се чувствувам како да ме удрил воз

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот