Макрон Трамп EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Макрон: САД повеќе нема да ја штитат Европа на долг рок

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека САД повеќе нема да ја штитат Европа на долг рок и дека затоа Европа треба да биде посилна, пренесуваат медиумите.

„Предизвикот за нашата Европа е да биде посилна и понезависна, бидејќи ги имаме САД, кои повеќе нема да нè штитат на долг рок“, рече Макрон за време на разговор со ученици во француско-кипарско училиште во Никозија, каде што присуствуваше на неформален самит на лидерите на Европската Унија.

Макрон како примери го наведе прашањето за Гренланд, како и ситуациите во Иран и Украина.

Францускиот претседател додаде дека САД се сојузник на Европа, но Стариот континент е „изграден врз идејата“ дека Американците ќе го штитат засекогаш. Макрон се заложи за европски суверенитет во областа на одбраната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот