Макрон исвиркан на саем за земјоделство во Париз

фото: ЕПА, Макрон исвиркан на саем за земјоделство во Париз

Земјоделците денеска го исвиркаа и навредуваа францускиот претседател Емануел Макрон на Саемот за земјоделство во Париз, незадоволни од неговата политика и барајќи мерки за подобрување на состојбата во земјоделството.

Макрон го отвори Саемот со четири и пол часа задоцнување поради судирите меѓу полицијата и земјоделците кои упаднаа на Саемот.

Иако се чинело дека ситуацијата се смирила, кога Макрон ја пресекол лентата, земјоделците извикувале „Оставка!“, „Губи се!“, „Ѓубре!“, пренесе Бета.

Сепак, францускиот претседателот разговараше еден час со земјоделците од три синдикални организации чии членови учествуваа во судирот со полицијата и рече дека „преферира дијалог наместо конфликт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот