Макрон и Моравиецки инсистираат на ЕУ солидарност за вакцините

epa09079942 French President Emmanuel Macron (R) holds a joint statement with Polish Prime Minister Mateusz Morawiecki (L) as he arrives for a meeting at the Elysee Palace in Paris, France, 17 March 2021. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Матеуш Моравиецки ја поддржаа политиката на ЕУ за вакцинирање и инсистираат на европска солидарност за ова прашање, јави дописникот на МИА.

-Оваа европска рамка (..) дозволува праведност, солидарност, сигурност за нашите сограѓани”, изјави Емануел Макрон заедно со неговиот гостин во дворот на Елисејската палата, во време кога одредени земји-членки на ЕУ се во искушение од понационална стратегија за вакцинација.

-Исто така, можно е да се засили производството на вакцини и Европа ќе биде во рок од неколку месеци едно од местата во светот каде се произведуваат најмногу вакцини, увери тој додека Европејците имаат доцнења во испораката.

-Ова се најтешките недели што ги минуваме, го знаеме тоа, но јасно ни претстојат изгледи и преку Европа ќе бидеме посилни и на оваа тема. Европа мора да даде единствен одговор на тешкотиите со кои се соочува. Притисокот врз лабораториите за производство е неопходен за да се забрза стапката на вакцинација, подвлече и полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

Европската комисија преговара во име на 27-те земји членки за нарачките за анти-ковид вакцини одобрени од Европската агенција за лекови. Потоа се дистрибуираат меѓу земјите-членки. Но, некои европски земји како Унгарија и Чешка се определија за руски и кинески вакцини, што се уште не се потврдени од ЕУ или за соработка со неевропски земји во смисла на истражување и производство, како Данска и Австрија со Израел.

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, исто така, денеска се закани дека ќе ги заостри условите за извоз на вакцини, надвор од ЕУ, во земјите производители кои не практикуваат реципроцитет, со што таа цела на Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот