Макрон го осуди „ловот“ на Депардје, обвинет за сексуален напад

Фото: Профимедиа/EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди „хајката“ на актерот Жерар Депардје, носител на Легијата на честа, и рече дека тој орден „не е тука за да проповеда морал“.

Тој се огради од барањето на француската влада да му го одземе на актерот највисокото одликување на Франција, медалот Легија на честа, по обвинувањата за сексизам и сексуален напад.

„Јас сум голем обожавател на Жерар Депардје, тој е одличен актер… Тој помогна да се запознае светот со нашите големи писатели, ја прави Франција горда“, рече Макрон во текот на интервјуто за ТВ-каналот „Франс 5“.

Францускиот претседател со тоа реагираше на најавата на министерката за култура Рима Абдул Малак дека Големата канцеларија на Легијата на честа ќе покрене „дисциплинска постапка“ против актерот, кој е цел на обвинувања за силување и сексуално напаствување.

Депардје во последните години се соочи со низа обвинувања за сексизам и сексуално насилство, кои тој ги негираше.

Судот во Париз во март 2022 година одлучи да ја продолжи истрагата против добитникот на наградата во Кан, откако една актерка го обвини за силување. Подоцна се огласила актерката Шарлот Арно, која рекла дека таа е жената која го обвинила Депардје и дека не може да продолжи да молчи за сето она што го доживеала. Оттогаш, повеќе од 10 жени го обвинија Депардје за сексуален напад.

По обвинувањата за сексуален напад, музејот на восочни фигури во Париз ја отстрани фигурата на Жерар Депардје

Жерар Депардје се огласи за обвинувањата за силување: Да повредам жена би било како да ја клоцам мајка ми во стомак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот