„Макпетрол“ гo oтстапи хотелот во Маврово за државен карантин

Од компанијата истакаа дека целосно се подготвени за соработка со надлежните државни институции и спроведување на сите стандарди кои ќе бидат потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин.

Соочени со овој голем предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата со Ковид-19, а целосно следејќи ги потребите на Владата и Министерството за здравство, за формирање државни карантини за населението, Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни соби за граѓаните којшто ќе користат легло за изолација или карантин, соопштија од Макпетрол АД.

Од компанијата истакаа дека целосно се подготвени за соработка со надлежните државни институции и спроведување на сите стандарди кои ќе бидат потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин.

– Како општествено одговорна компанија сакаме да придонесеме кон создавање на услови кои ќе овозможат ефикасно справување со кризата која целосно го смени начинот на функционирање на нашата држава, но и на целиот свет, нагласија од Макпетрол АД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот