Македонското младинско олимписко таеквондо во светскиот врв!

фото: фејсбук

Дамјан Трајковски од ТК Кобра, јуниори категорија 78+ кг се наоѓа на четвртото место на светската ранг листа во неговата категорија.

Моментално на светската јуниорска ранг листа високо на врвот се наоѓаат тројца македонски репрезентативци за кои 2019 година беше повеќе од успешна, информираат од Македонската Таеквондо Федерација.

Дамјан Трајковски од ТК Кобра, јуниори категорија 78+ кг се наоѓа на четвртото место на светската ранг листа во неговата категорија. Најголеми успеси на Дамјан Трајковски во 2019 година му беа двата златни медали на Г1 турнири во Босна и Албанија.

Милијана Релиќ од ТК Тигри, јуниори категорија -67 кг се наоѓа на петтото место на светската ранг листа во нејзината категорија. Најголеми успеси на Милијана Релиќ во 2019 година беа петтото место на Европско Јуниорско Клубско Првенство и златниот медал на Г1 турнир во Босна.

Филип Стаменов од ТК Бутел, јуниори категорија -78 кг се наоѓа на седмото место на светската ранг листа во неговата категорија. Најголеми успеси на Филип Стаменов во 2019 година беа златниот и бронзениот медал на Г1 турнири во Албанија и Србија.

Претседателот и селектор на македонската таеквондо федерација Борче Костовски смета дека македонското олимписко таеквондо има сериозно квалитетен потенцијал во неколкумина квалитетни младински репрезентативци тука се младиот сениор Марко Аврамовски, јуниорската Фросина Рајковска и неколкумина други, Костовски вели дека претстојат светли денови за нас во овој олимписки спорт и дека напорната работа, следењето на светските модерни трендови во овој спорт и постојаната жртва раѓаат високи резултати.

Костовски додава дека се надева Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска ќе имаат наследници кои ќе чекорат патот на сениорскиот врв во олимпиското таеквондо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот