Македонските власти нема да затвораат граници поради омикрон

табановце гужва коронавирус граница граничен премин
Македонските здравствени власти нема да воведат рестрикции за патниците кои се враќаат од Јужна Африка поради омикрон варијантата на коронавирусот / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

За 9 часот утринава закажан е состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се дискутира за оваа варијанта на коронавирусот која првично беше регистрирана во Јужна Африка, а се појави и во европски земји, во САД и во Австралија.

Македонските здравствени власти нема да воведат рестрикции за патниците кои се враќаат од Јужна Африка поради омикрон варијантата на коронавирусот, ниту пак за патници кои што влегуваат од европски држави, дознава „Слободен печат“ од извори во Комисијата за заразни болести. Причината е што засега, за македонските здравствени власти, омикрон варијантата не е ризик за влошување на епидемиолошката состојба во земјава.

За 9 часот утринава закажан е состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се дискутира за оваа варијанта на коронавирусот која првично беше регистрирана во Јужна Африка, а се појави и во европски земји, во САД и во Австралија. Некои држави, како Израел на пример, сосема ги затворија своите граници за сите странци поради омикрон.

Претседателот на Јужна Африка Кирил Рамафоса, во синоќешното обраќање истакна дека е длабоко разочаран што некои земји решиле да го затворат авиосообраќајот од Јужна Африка, наместо да ги користат постојните вакцинални сертификати и барањата за негативен ПЦР тест не постар од 72 часа како мерка за контрола на импортирањето на варијанти од други држави.

Докторката Анџелик Коетзе од Јужноафриканската медицинска асоцијација вели дека сите случаи на омикрон што таа ги опсервирала се млади луѓе, кои имаат благи симптоми проследени со замор. Не го изгубиле ниту мирисот, ниту вкусот, немале температура и не се кислородно зависни.

-Со оглед на тоа што симптомите кои ги гледаме се благи, нема место за паника. Не гледаме сериозно болни пациенти. Почна со млади луѓе и најдоминантната нивна клиничка слика, односно она на кое што главно се жалат е силен замор кој трае еден или два дена, главоболка и болка во мускулите и телото. Кај некои од нив се јавува како што го нарекуваат самите, „грло што гребе” и сува кашлица. Но не е константа, туку таа кашлица доаѓа и си заминува. И тоа се симптомите што ги видовме, рече доктор Коетзе за Телеграф.

Засега СЗО ја истражува омикрон варијантата и ја прогласи за варијанта за загриженост. Познато е дека има триесеткратна мутација на спајк протеинот, поради што постои можност да биде позаразна.

Научникот што го откри сојот омикрон смирува: Нема потреба од паника, забраните за патување се бесмислени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот