Фото: РФМ

Македонските репрезентации со победи на стартот на Светското училишно првенство во ракомет

Денеска македонската машка кадетска репрезентација во својот прв натпревар на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје, во салата „Македонско сонце“ триумфираше над Бугарија убедливо со 33:18.

Нашата селекција целосно го скрши отпорот на ривалот во вториот дел, откако по првото полувреме имаше само два гола разлика (11:9).

Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Лука Јовиќ со шест погодоци. Следен противник на ракометарите предводени од Горан Кузманоски ќе биде Грузија в четврток од 08.30 часот.

Успешно стартуваше и македонската женска кадетска репрезентација предводена од Даниела Новеска со победа над Белгија од 34:12.

Сите дилеми околу победникот беа решени веќе по првото полувреме кога нашата селекција имаше предност од 17:6.

Прв стрелец за македонската репрезентација беше Ивана Трифуновска со пет гола. Следен противник на Македонија ќе биде Грузија в четврток од 10.30 часот во салата „Крсте Мисирков“ во Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот