Македонските ракометари ремизираа против Австрија во Брегенц
Најдобрата македонска машка сениорска ракометна репрезентација ја искористи ЕХФ неделата за одигрување на пријателски натпревар против селекцијата на Австрија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Денеска избраниците на селекторот Кирил Лазаров во Брегенц одигра реми против Австријците со резултат 30:30.
По првото полувреме ниту една од двете репрезентации немаше предност (15:15).
Нашите најдобри ракометари во текот на мечот имаа и позитива од „плус четири“ (25:21), но не успеаја истата да ја задржат.
Во самиот финиш од дуелот, Австрија направи пресврт и дојде до ново водство, но успеаја македонските ракометари да го избегнат поразот со голот на Кузмановски кој беше прецизен од седмерец.
Токму играчот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски беше најефикасен во нашата репрезентација со 10 голови, а пет имаше Марко Митев.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


