Македонските пруги ќе се одржуваат со турски дрезини

фото; Слободен печат / илустрација

За одржување на железничката инфраструктура во земјава, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на РСМ набави две нови дрезини. Според договорот инвестицијата е во вредност од над два милиона евра, со која делумно ќе се обнови возниот парк задолжен за одржување на пругите низ земјава.

Во договорот кој беше објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, овие дрезините ќе бидат набавени од турската компанија „Технички железнички системи, Пејзаж изградба, инженеринг, индустрија и трговија со ограничена одговорност“ од Анкара. Цената за една дрезина изнесува 1.045.000 евра, без ДДВ. Турската компанија е должна да го испорача возниот парк во рок од 130 дена по добивањето на порачката од ЈП за железничка инфраструктура.

Договорот со турската компанија е склучен на почетокот од август годинава, од досегашниот директор на ЈП за железничка инфраструктура Ирфан Асани. Понудата доставена од фирмата од Турција била единствена на распишаниот тендер.

Идентично како и кај локомотивите и вагоните на Железници на РСМ – Транспорт, возниот парк за одржување на македонските пруги е стар неколку децении и е само делумно обновен изминативе години.

Дрезините се специјални железнички возила што служат за изградба и реконструкција на пругите, како и за изведба и редовно одржување на контактната мрежа на електрифицираните пруги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот