Фото: mkd.basketball

Македонските кошаркарки против Естонија и Романија во претквалификациите за ЕП 2029

На посебна церемонија, денеска, во „Куќата на кошарката“ во швајцарскиот Мие, беа формирани и натпреварувачките групи за претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година во женска сениорска конкуренција.

Десетте селекции кои не ја поминаа првата фаза од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година, се поделени во три натпреварувачки групи, две од нив со по три селекции-учесници и една со четири

Согласно со ждрепката, женската сениорска репрезентација на Македонија ќе игра во групата „Ц“, заедно со националните тимови на Романија и на Естонија.

Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во наредната натпреварувачка фаза.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029-ЖЕНИ

ГРУПА А: Швајцарија, Исланд, Азербејџан, Ирска

ГРУПА Б: Босна и Херцеговина, Норвешка, Кипар

ГРУПА Ц: Македонија, Романија, Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот