Македонските компании препознати меѓу странските приватни фондови

Домашните компании имаат потреба и од поддршка за произведување крајни производи, не само репроматеријали, кои би ги продавале на надворешните пазари со повисока додадена вредност, вели вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Странските приватни фондови ги препознаваат потенцијалите на македонските компании, а за тоа се доказ голем број успешни примери и соработки, оценија денеска  и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски.

Тие денеска беа во посетата на Центарот за третман на отпадно стакло на фирмата „Акрон” во Скопје.

„Акрон” е корисник на кофинансиран грант од ФИТР за проектот „Отпадно стакло” и е една од 420-те компании поддржани од ФИТР изминатите три години.

Царовска, меѓу другото, додаде и дека домашните компании имаат потреба и од поддршка за произведување крајни производи, не само репроматеријали, кои би ги продавале на надворешните пазари со повисока додадена вредност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот