Фото: Screenshot/instagram.com/urkourko/

Македонските кикбоксери освоија седум медали на ВАКО, Светскиот куп во Италија

Нови одлични резултати за македонскиот кикбокс доаѓаат од ВАКО Светскиот куп што се одржува во Лидо ди Језоло, Италија.

Нашите борци успеаја да се закитат со седум медали од кои три златни, еден сребрен и три бронзени.

(помлади јуниори) Калин Бабоски 63,5 кг лоу кик злато

(сениори) Петре Велков 67 кг. лоу кик злато

(сениори) Силвио Мировски 71 кг. лоу кик злато

(помлади јуниори) Андреј Смилевски 63,5 кг лоу кик сребро

(млади јуниори) Давид Атанасовски 63,5 кг. лоу кик бронза

(сениори) Радослав Велески +91 кг., лоу кик бронза

(сениори) Мирко Василев 71 кг., К1 бронза

На Светскиот куп во Италија учество земаа над 2400 натпреварувачи од 46 земји, а Македонија настапи со 17 кикбоксери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот