Жена со мобилен преминува пешачки - Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Македонските граѓани просечно на мобилен зборуваат 228 минути во месецот

Претплатниците во мобилната телефонија во државава минатата година просечно во тек на еден месец иницирале 104,05 повици и зборувале 228,03 минути.

Најголем дел од разговорите се остваруваат во сопствена мобилна мрежа, 143,27 минути (62,83 проценти). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во државава е значително помал, 80,99 минути (35,52 проценти), во сопствена фиксна мрежа 1,51 минута (0,66 проценти), кон други фиксни телефонски мрежи во државава 1,97 минути (0,86 проценти), а 0,29 минути (0,13 проценти) кон мрежи во странски држави. Споредено со 2024 година може да се забележи намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникаци за 2025 година.

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија на крајот на 2025 година изнесува 1.954.643 и е за 1,82 проценти повеќе во однос на 2024 година. Резиденцијалните пост-пеид претплатници бележат раст од 2,55 проценти, а деловните бележат пад од 0,3 проценти.

Според број на активни претплатници во пазарот на мобилна телефонија, А1 Македонија има удел од 48,08 проценти, Македонски Телеком 45,93 проценти проценти, МТЕЛ 4,42 проценти, Телекабел 1,36 проценти, Мтелмобајл 0,10 проценти, Греен Мобиле 0,11 проценти.

На крајот на минатата година во државава имало 457.763 корисници на фиксни линии, за 1,75 проценти повеќе во однос на 2024 година.

Регистрирани се 445.831 претплатници на услуги врзани во пакет. Најголем дел од нив користат три услуги врзани во пакет: фиксна телефонија, широкопојасен пристап на интернет и ТВ услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот