Македонските џудисти се закитија со две бронзи на Балканското првенство во Пеќ

фото: Џудо Федерација на Македонија

Заврши Балканското првенство во џудо за сениори во Пеќ, Косово, од првиот натпреварувачки ден кога се одржуваа борбите во поединечна конкуренција, Катерина Ацевска успеа да освои медал.

Македонската џудистка Ацевска во својата категорија +78 кг. се закити со бронзата.

Вториот натпреварувачки ден на програмата беа борбите во екипна микс тим конкуренција, каде нашите репрезантативци дојдоа до бронзата.

Македонија беше во состав: Андреј Симоноски -73 кг., Кристина Мантароска -70 кг., Андреј Чакаровски -90 кг. и Катерина Ацевска +70 кг.

Џудо федерацијата упати честитки до нашите репрезантивци за прикажаните борби и им посакува успех и во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот