Македонските Бугари му се пожалија на Вархеји дека властите во Скопје не сакале дијалог со нив

Претставници на македонските Бугари во Брисел/ Фото: БГНЕС

Претставници на македонските Бугари на денешната речиси 40-минутна средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во Брисел му кажале дека причината зошто побарале средба со него е тоа што немало дијалог меѓу претставниците на властите во Македонија и бугарската заедница, објави БГНЕС.

– Повеќе од две години се обидуваме да воспоставиме дијалог со властите во Република Северна Македонија. Го информиравме комесарот Вархеји дека сме тука бидејќи нема дијалог меѓу претставниците на власта во РСМ и бугарската заедница во државата. Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да се случи на сметка на Бугарите кои живеат во државата, изјавиле претставниците на македонските Бугари по средбата со Вархеји.

Во Брисел на средба со Вархеји која се случи на барање на македонските Бугари беа Петар Колев како претседател на партијата ГДУ, Ѓорѓи Трендафилов и претседателот на здружението „Ванчо Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски. Вархеји уште во ноември лани ветил дека ќе ги прими на разговор ако му се обратат за средба. Веќе наредниот месец, во декекмври тие побарале средба со еврокомесарот.

– Наместо да работи на промени кои ќе ги вклучат Бугарите во Уставот за што побрзо да почнат преговорите со ЕУ, парламентот во РСМ усвојува закони за целосно затворање на клубовите на локалните клубови во РСМ. Очекуваме во следниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија да влезат и прашањата кои ги поставивме на оваа средба, изјавиле тројцата претставници по средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот