Македонскиот стратег Југослав Тренчовски се збогуваше со кувајтскиот Ал Араби
Поранешниот стратег на Академија Пандев, Југослав Тренчовски по две одлични сезони ја завршува својата епизода во Кувајт.
Препорачано
Пред две години Тренчовски седна на кормилото на Ал Араби, но сега си заминува откако му заврши договорот со кувајтскиот клуб. Македонскиот стратег им се заблагодари на сите во клубот за двете години кои ги помина таму.
„Љубов кон фудбалот, тоа е тоа, најголемата разлика е љубовта. Без неа, ентузијазмот и енергијата ќе опаднат, а ако тоа се случи – време е за заминување. Мисијата на тренерот се резултати, развој, едукација. Тренерот е да едуцира и да бара одговори на прашањата: дали јас ги направив фудбалерите подобри или тие ме направија мене подобар? Одговорот е позитивен и може да бидете горди на вашата работа.
Мојот договор со Ал Араби истече и од дното на срцето благодарам за сета љубезност и топлина која ја споделивте, благодарение на секој во клубот кој е едно големо семејство. Благодарност до соработниците, посебно до моите херои фудбалерите кои се најдобри и до неверојатните навивачи за сета поддршка. Благодарам за Кувајт и за сите граѓани за прекрасните две години кои засекогаш ќе останат во моето срце. Сега е време за нови предизвици“, објави Тренчовски на својот Фејсбук профил.


