Македонскиот народен театар 76 години испишува историја

Театарот е место каде што се случува нешто исклучително, тука се преплетуваат режисерските идеи со актерското срце, место каде што се создава магија, а публиката ја восприема со отворена душа. Токму тоа се случи на 3 април 1945 година, се случи празник на македонскиот театар, завесата се крена, а во свечена тишина се изговори и првата реплика. Некогаш во Скопје – ѕидовите, тарабите и бандерите беа облепени со плакати на кои се објави радосната вест – „Денес се отвори Народниот театар“.

Од тој април до денеска веќе 76 години Македонскиот народен театар неуморно патува низ времето, го чува и го негува театарскиот идентитет, израз, јазик и вредности. Веќе 76 години театар во кои на сцената „живеат“ љубовта, среќата и болката, вистината и соништата, радоста и страста! Точно 76 години на креативност и творечка дејност низ кои на сцената почнувајќи од првата се поставени 405 претстави од 239 автори и драматурзи, а одиграни од 582 актери, поставени од 119 режисери и соработници, 115 сценографи, 75 костимографи, 31 кореограф, 102 композитори и избор на музика, огромен број луѓе позади сцената, дизајнери на плакати и програмки, одговорни за промоција, техничка служба, администрација и илјадници и илјадници вљубеници во театарот. Ова е не само фантастична бројка туку и доказ за посветеноста и страста кон театарот! Сево ова е делот што го придвижува и го оживува МНТ! – истакнуваат од Македонски народен театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот