Македонскиот конзулат во Солун е во контакт со семејствата на момчињата кои исчезнаа на Халкидики

Фото: МИА

По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера (09.07.2022) нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Според досегашните информации, вчера околу 15:00 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од брегот. Со помош на едно приватно пловило, едниот од загрозените вчера бил спасен после два часа поминати во вода. По продолжување на потрагата денес, утрово е добиена потврда за пронаоѓање на уште еден од групата, кој исто така е во добра здравствена состојба, иако веќе подолго време бил во вода“, велат од МНР.

Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани, и стои на располагање за секаква помош, додаваат од министерството. Потрагата на грчката крајбрежна служба продолжува за пронаоѓање и на третиот исчезнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот