Македонскиот фолк пејач Мишко Крстевски денеска го прославува својот 63 роденден
Македонскиот пејач на народна музика Мишко Крстевски е роден во Скопје на 21 јули 1963 година. Крстевски своите професионални почетоци ги има на „Фолк Фест Валандово“ во 1991 година со песната „Колку чини меракот“.
Препорачано
Потоа следеле настапите на „Цветници“ 1993 со „За мене си родена“ и 1994 со „Ана Анита“. Во 1994 настапува на „Фолк Фест Валандово“ со „Љубов моја ранлива“ и 1995 со „Нема да те преболам“. Тој е редовен учесник и на фестивалите: Фолк Фест Роса, Тетовски фолк-фест, Гоце Фест, Тумба фест, Охрид фест, Серенада Битола, Фолк Фест Валандово и други.
Неговата кариера ја одбележаа неколку големи хитови: „За таа љубов да наздравиме“, „Дуњо моја“, „Запри запри виолино“, „Ти можеш се“, „Љубов моја ранлива“ и „Ана Анита“.
Во 2021 година прослави 30-години јубилеј на македонска фолк сцена, и по тој повод му излегуваат новите песни „Да живее љубовта“, „Ех да си до мене“ и „Само ти“.
Крстевски е добитник на неколку награди, од кои: Во 1994 година, на Валандово настапува со песната „Љубов моја ранлива“, каде победува со прва награда од публика исто и во 1996 година, со „Зошто боже“. Во 2023 година настапува на Фолк Фест Валандово со „Ема убава“ каде победува на фестивалот со прва награда од жирито.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


