Македонски театарски уметници ќе учествуваат на меѓународна театарска резиденција во Романија

Фотографија од видеопроекти со Филарета Атанасова и Здравко Стојмиров

Македонскиот центар ИТИ/Продукција извести дека во втората половина на септември 2023 година, театарски уметници од Македонија ќе учествуваат на Меѓународната театарска резиденција („Crossroads and Borders“ / Проект: Е.Т.Е.Р.И.А.) во Констанца, Романија.

На резиденцијата ќе одат актерките Филарета Атанасова (театарска и филмска актерка од независниот сектор), Наташа Петровиќ и Симона Спировска од НУ Театар за деца и млади – Скопје, како и Иванка Апостолова Баскар, визуелен драматург, креативен продуцент/режисер на видео театарски проекти.

На театарската резиденција уметниците ко-креативно ќе создаваат во рамките на „Inter-community Labs“ и ќе ги претстават своите уметнички резултати. Проектот е поддржан од ЕУ / Креативна Европа.

Во рамките на резиденцијата ќе бидат прикажани и материјалите од новиот видео театарски проект на Македонскиот центар ИТИ/Продукција: „А-Ц-И-Н-С-Е-Л-А-К“ (видео монодрама – женска верзија – улога: Филарета Атанасова) и „Krieg“ (видео монодрама – машка верзија – улога: Здравко Стојмиров), известија од Македонскиот центар ИТИ/Продукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот