Обука за современа хирургија на колено во Скопје - Фото: Smith + Nephew

Македонски ортопеди се обучуваа за роботска навигација и за современа хирургија на колено

На иницијатива на територијалниот дистрибутер „Smith+Nephew“, еден од водечките светски брендови во ортопедијата, препознатлив по своите иновации, врвен квалитет и современи хируршки решенија, овој викенд во Скопје успешно беше одржана едукација посветена на најновите технологии и на роботската навигација во хирургијата на коленото. Целта на настанот беше унапредување на постоечките хируршко ортопедски техники и подобрување на резултатите кај пациентите.

Едукативниот процес го водеа реномирани експерти од областа на ортопедијата: д-р Саша Стојановиќ од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Република Србија, д-р Александрос Елефтеропулос од Општата болница во Науса, Грција, и д-р Миљана Милутиновиќ од Здравствениот центар Алексинац, Република Србија. На обуката присуствуваа домашни ортопеди хирурзи кои се стекнаа со значителни знаења во примена на новите техники и процедури во ортопедијата.

Обука за современа хирургија на колено во Скопје – Фото: Smith + Nephew

Фокусот на едукацијата беше насочен кон современите хируршки техники и дигиталните решенија што го унапредуваат планирањето и изведбата на операциите на коленото. Посебен акцент беше ставен на примената на роботската навигација, која овозможува поголема прецизност при поставувањето на имплантите, подобра продуктивност на хируршките процедури и индивидуализиран пристап кон секој пациент.

Обука за современа хирургија на колено во Скопје – Фото: Smith + Nephew

Присутните домашни специјалисти ортопеди имаа можност да се запознаат со најновите светски трендови, клинички искуства и придобивките од интеграцијата на напредните технологии во секојдневната ортопедска практика. Преку интерактивни дискусии и размена на експертски знаења беа претставени современи концепти кои придонесуваат за подобри хируршки резултати и побрзо функционално закрепнување на пациентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот