Македонија водечка во светот во исполнувањето на заложбата за транспарентност на Коалицијата UNCAC

Македонија во моментов е единствената земја од 37 потписнички на Заложбата за транспарентност на Коалицијата UNCAC (Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција), која е целосно усогласена со оваа заложба, соопштија денеска од владината прес-служба.

Овој податок, се посочува во соопштението, бил споделен на Конференцијата на земјите потписнички (CoSP), главното тело за креирање политики на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (UNCAC), што деновиве се одржува во Атланта, САД, а на која нашата држава е претставена од заменичката на премиерот задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Во соопштението се појаснува дека заложбата е доброволна одлука на секоја земја-членка за исполнување на минималните стандарди за транспарентност и учество на граѓанското општество во механизмот за ревизија на UNCAC. Коалицијата UNCAC е глобална мрежа од над 350 граѓански организации во над 100 земји, посветени на промовирање на ратификацијата, имплементацијата и мониторингот на оваа конвенција на ОН.

– Целосната усогласеност на Северна Македонија со заложбата на Коалицијата UNCAC ја отсликува посветеноста на Владата на јакнењето на транспарентноста, како еден од најзначајните принципи на добро владеење, како и важноста на учеството на граѓанското општество во напорите за справување со корупцијата. Со цел да се задржи позитивниот тренд на ова поле, Владата ќе продолжи да ја унапредува проактивната транспарентност на институциите преку исполнување на целите од новата Стратегија за транспарентност, која минатата недела беше усвоена на владина седница, а која беше изработена во соработка со граѓански организации и во широк партиципативен процес, се вели во соопштението од Владата.

 

Грковска: Корупцијата е глобален проблем, мора да работиме на промоција на транспарентно и одговорно владеење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот