Македонија во четвртиот шешир за ЕП доколку ја освои Лигата „Д“! (ФОТО)

facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Ждрепката ќе се одржи на 30 ноември 2019 година во Букурешт со почеток во 18.00 часот, а ЕУРО наредната година ќе се игра дури во 12 градови ширум континентот.

Македонија не успеа преку редовните квалификации, но ќе има уште една „подобра“ шанса преку Лигата на нации каде што ни се потребни уште две победи до историски пласман.

На 26 март 2020 година на домашен терен најверојатно во Скопје во полуфиналето од плеј-офот на Лигата „Д“ ќе играме против Косово, а во второто полуфинале ќе играат Грузија и Белорусија.

Победниците на 31 март 2020 ќе ги одмерат силите за „билетот“ кој обезбедува настап на континенталниот собир.

1. шешир

Белгија
Италија (домаќин)
Англија (домаќин)
Германија (домаќин)
Шпанија (домаќин)
Украина

2. шешир

Франција
Полска
Швајцарија
Хрватска
Холандија (домаќин)
Русија (домаќин)

3. шешир

Португалија
Турција
Данска (домаќин)
Австрија
Шведска
Чешка

4. шешир

Велс
Финска
Победник плеј-оф, Лига на нации „А“
Победник плеј-оф, Лига на нации „Б“
Победник плеј-оф, Лига на нации „Ц“
Победник плеј-оф, Лига на нации „Д“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот