Победа над Израел и историско трето место за Македонија

Во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје триумфираше минимално над Израел со 1:0.

Уште во првата минута можеше да поведе нашата селекција, но топката после ударот на Барди заврши само неколку сантиметри покрај левата статива на голманот Харуш.

Веднаш во следната втора минута уште една убава можност за реализација на избраниците на селекторот Ангеловски, Елмас го погоди само израелскиот голман.

Можеше да стигне казната во 15 минута кога убава топка доби Даса кој шутираше непосредно пред петерецот, но победник во овој дуел за наша среќа беше Димитриевски кој одлично реагираше.

Четири минути подоцна една убава акција започнаа Елмас и Барди, беше пронајден младиот Костадинов чиј удар за жал не беше толку силен и топката заврши покрај голот на гостите.

Прочитајте и...  Пендаровски во говор на 75. сесија на ОН: Постигнавме значаен напредок во учеството на жените во политиката

Во 37 минута слободен удар за Барди кој е „специјалист“ за вакви позиции, од околу 25 метри ја погоди пречката за само воздишки на трибините, но барем го стави на тешки маки голманот Харуш. Д. Велкоски иако игра во одбраната, знае исто така да биде незгодна закана за чуварите на мрежата, шутираше за малку покрај голот.

Конечно сиот налет се исплати пред финишот на првото полувреме, после еден изведен корнер, во казнетиот простор се најде Николов кој ја казни грешката на израелскиот голман кој воедно беше блокиран, а нашиот играч го искористи моментот и шутираше во небранетиот дел за водство и голема радост на трибините (1:0).

Израелците почнаа да напаѓаат на стартот од второто полувреме, трипати шутирааа во рамките на нашиот гол, но Димитриевски не дозволуваше израмнување.

Прочитајте и...  НБА ќе стартува во јануари, играчите мора да одморат

Не бевме толку опасни во нападот како во првото полувреме, тешко „доаѓаше“ тој втор погодок, за што посигурна позитива, а противниците опасно кружеа околу шеснаесетникот на македонскиот голман.

Во второто полувреме преовладуваше силен дожд што го направи теренот потежок за играчите. На крајот победа на Македонија, а убава вест дојде и од Полска каде што домаќинот славеше со 3:2 над Словенија што значеше и трето место во групата, наша најдобра позиција во историјата на квалификациите за нашата репрезентација.

Квалификации ЕП 2020

Национална арена „Тодор Проески“ – Скопје

Македонија-Израел 1:0 (1:0)

(Николов 45+2`)

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Муслиу, Костадинов, Пандев (Аврамовски 79`), Ристовски. Д. Велкоски (Зајков 72`), Николов, Барди, Стојановски (Несторовски 60`), Елмас.

Прочитајте и...  Шекеринска им се обрати на студентите од факултет за Безбедност: Од вас ќе се бара нова отвореност кон светот

Поврзани вести

Арсенал му се одмазди на Ливерпул, преку пеналите го елиминира од Лига Купот

Слободен печат

Дербито на стартот од Евролигата и припадна на Барселона

Слободен печат

Ријека со најлудиот гол обезбеди учество во ЛЕ (ВИДЕО)

Слободен печат

Шокантна изјава: Роналдо сака млади момчиња, добив 100.000 долари за да го запознаам со Ирина Шајк

Слободен печат

Адеми пред мечот со Флора одбил неверојатна понуда

Слободен печат

Адеми со два гола го однесе Динамо Загреб во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Слободен печат

1 comment

m-r.Slobodan Dimitrovski 20/11/2019 - 12:51 at 12:51

АЛО БЕЕЕ ЕЕЕЕЈ КОЕ ИСТОРИСКО МЕСТО ЛЕЛЕ АКО ПАК ВЛЕЗЕВМЕ НА АПРИЛИЛИ ШТО ЌЕ БЕШЕ ТОГАШ? АМА ТАА СРПСКАТА НИЈЕ ВАЖНО ПОБЕДИТИ ВАЖНО ЈЕ УЧЕСТВОВАТИ И СЕКОГАШ ОД ДРУГ ДА ТИ ЗАВИСИ РЕЗУЛТАТОТ? ИДИ БЕГАЈ!

Reply

Остави Коментар

Поврзани вести

Ќе уживаме во дуелот на двајцата најдобри фудбалери на светот

Слободен печат

НБА ќе стартува во јануари, играчите мора да одморат

Слободен печат

УЕФА дозволи враќање на навивачи на стадионите

Слободен печат

Што сакаш на унапредиш во играта? СЕ!

Слободен печат

УЕФА: Најдобрите фудбалери играат во Баерн Минхен, главното признание за Левандовски

Слободен печат

ЛШ: Жрепката ги спои Роналдо и Меси, Јувентус и Барселона ќе играат еден против друг

Слободен печат