Aлександар Таневски/ФФМ

Македонија У20: Селекторот Таневски повика 22 фудбалери за натпреварот против Лихтенштајн

Селекторот на националниот тим до 20 години, Александар Таневски за претстојниот контролен натпревар против репрезентацијата на Лихтенштајн на располагање ќе има 22. играчи.

ГОЛМАНИ: Љупче Џеков (Силекс), Стефан Јовановски (Млада Болеслав), Никола Филевски (Брегалница).

ОДБРАНА: Златко Радески (Тетекс), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (АП Брера), Милош Спасовски (Тиквеш), Андреј Мурџески (Детонит Плачковица)

СРЕДЕН РЕД: Илија Масларов (Лугано), Адис Мурат (Башкими), Виктор Делов (Беласица), Харун Незировски (Хелсинборг), Тео Сандев (Моторлед Прага)

НАПАД: Давид Матески (Охрид), Амир Иса (Скопје), Никола Величковски (АП Брера), Димитар Данев (Вардар), Мирза Хасиќ (Шкендија Арачиново), Шабан Мехмети (Арсими), Адмир Љатифи (Осјек), Тео Мировски (СКопје), Давид Голубов)

Натпреварот против Лихтенштајн ќе се одигра в среда на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а почетокот е закажан за 18 часот.

Ова е втор настап на овој состав на репрезентацијата со 20 години. Во првиот избраниците на Таневски на гостувањето во Лихтенштајн славеа со 3:0, Данев на два пати се запиша меѓу стрелците, а еднаш прецизен беше Величковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот