„Македонија пат“: Магла на патните правци Маврови Анови – Бунец и Тетово – Лисец, видливоста до 20 метри

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Намалена видливост поради магла има на патниот правец Маврови Анови – Бунец и на патот Тетово – Лисец.

Од јавното претпријатие „Македонија пат” информираат дека видливоста на патот Маврови Анови – Бунец е од 10 до 20 метри, а на патот Тетово – Лисец до 20 метри.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот