Македонија од вториот шешир ги очекува ривалите во квалификациите за ЕП 2028
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во понеделник објави дека в четврток на 26 март со почеток од 19.00 часот во Лисабон, Португалија, ќе биде ждрепката по која ќе се знаат сите квалификациски групи за пласман на Европското првенство во 2028 година.
Препорачано
Следниот континентален собир ќе се одржи во три земји, Шпанија, Португалија и Швајцарија, од 13 до 30 јануари 2028 година.
Првопласираните две репрезентации, како и четири најдобро третопласирани ќе обезбедат настап на ЕП 2028.
Македонија е во вториот шешир заедно со Австрија, Чешка, Фарски Острови, Италија, Холандија, Полска и Србија, и овие селекции не можат да ни бидат противници во квалификацискиот циклус.
Шешир 1: Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија, Шведска
Шешет 2: Австрија, Чешка, Фарски Острови, Италија, Македонија, Холандија, Полска, Србија
Шешет 3: Белгија, Босна и Херцеговина, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија, Украина
Шешет 4: Естонија, Финска, Израел, Косово, Летонија, Луксембург, Словачка, Турција
Квалификациите за ЕП 2028 ќе почнат на 4-5 ноември 2026 година и ќе завршат на 9 мај 2027 година.


