Македонија назадуваше за едно место на ФИФА ранг-листата
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација има пад од едно место на најновата ФИФА ранг-листа на која моментно се наоѓа на 67. место со 1372 поени.
Препорачано
Во изминатиот период нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Гоце Седлоски одиграа два натпревари со учинок од еден пораз и реми.
Во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026 загубивме со 4:0 од Данска во Копенхаген, а потоа во Даблин одигравме без голови (0:0) во пријателскиот натпревар против Република Ирска.
На врвот сега е Франција (1877 поени) која напредуваше за две места, а на втората позиција падна Шпанија.
За едно место назадуваше и Аргентина која сега е третопласирана, Англија остана на четвртото место, Португалија скокна на петтата позиција, а Бразил падна на шестото место.
Редоследно од седмата до 10. позиција се наоѓаат: Холандија, Мароко, Белгија и Германија. Целосната ФИФА ранг-листа можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
10час
-
11час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


