Македонија има и втор олимпиец, Дејан Георгиевски обезбеди норма за ОИ во Токио

Дејан Георгиевски е вториот македонски спортист кој обезеди олимписка норма за претстојните Олимписки игри во Токио.
На европскиот квалификациски турнир за пласман на ОИ во Токио кој се одржува во Софија, најдобриот македонски таеквондист во категоријата над 87 килограми, го победи олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан и си обезбеди учество на Игрите во Токио.

дејан георгиевски

Георгиевски во полуфиналето со 13:6 го победи Исаев и обезбеди пласман во финалето, а самата битка за златниот медал му го донесе историскиот успех, пласман на Олимписките игри во Токио кои ќе се одржат ова лето.

Претходно Георгиевски го совлада и таеквондистот од БиХ, Динко Шегетин со 17:9.
Дејан Георгиевски стана вториот македонски спортисти кој обезбеди олимписка виза, пред него тоа го оствари борачот Могамедгаџи Нуров, а уште еден Македонец има големи шанси да обезбеди норма. Тоа е каратистот Емил Павлов кој треба да слави во својата категорија на олимпискиот квалификациски турнир.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот