Македонија дел од посебна истражувачка програма на ЕБОР

Програмата, која е финансирана од Фондот за техничка соработка на ЕБОР и тајванскиот бизнис, треба да обезбеди помош за истражување за мали и средни претпријатија што котираат на берзите во Северна Македонија, Бугарија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска.

Европската банка за обнова и развој лансираше посебна истражувачка програма за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија во шест земји од Југоисточна Европа, меѓу кои и Северна Македонија.

Целта е создавање поголема јавна достапност до инвестициски анализи со што ќе се пополни информациската празнина од овој вид содржини за компаниите во регионот.

Програмата, која е финансирана од Фондот за техничка соработка на ЕБОР и тајванскиот бизнис, треба да обезбеди помош за истражување за мали и средни претпријатија што котираат на берзите во Северна Македонија, Бугарија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска.

Примарна цел на програмата е да обезбеди поголема транспарентност на пазарите, преку зголемување на количеството на проверени информации, што се смета за клучно за поголеми можности за финансирање на малите и средни претпријатија.

Програмата ќе трае две години и ќе биде спроведена од инвестициска банка „Вуд енд Компани”, која е специјализирана за пазарите во развој.

Програмата е целосно усогласена со целите од Акцискиот план за создавање пазари на капитал на Европската комисија, со кој меѓу другото се предвидува создавање услови за полесен пристап до финансии, посебно за малите и средни претпријатија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот