Македонците во редици за вакцинација во Врање

Фото: Архива

Од Здравствениот центар во Врање соопштија дека заради зголемениот број на луѓе зајакнати се сите пропишани епидемиолошки мерки, „пред се мерките за заштита и дезинфекција, како и дезинфекција на просторот”.

Откако на македонските граѓани им е овозможена имунизирција без претходна пријава преку српската владина е-управа, пред главниот пункт за вакцинација на Здравствениот дом во Спортската сала во Врање, се формираат редици и гужви од големиот број граѓани на Северна Македонија кои денеска пристигнаа во Врање за вакцината против вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград.

Од Здравствениот центар во Врање соопштија дека заради зголемениот број на луѓе зајакнати се сите пропишани епидемиолошки мерки, „пред се мерките за заштита и дезинфекција, како и дезинфекција на просторот”.

-На граѓаните на Република Северна Македонија им беше наложено да не прават гужви и им беше кажано дека сите ќе бидат вакцинирани, изјавија од Здравствениот центар во Врање, соопшти порталот Нова рс.

Последните неколку дена, стотици Македонци се вакцинирани во Врање, а само вчера вакцинирани се 599 лица, покажува статистиката на Здравствениот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот