Дубровник, Хрватска Фото: Wikimedia commons

Македонците трети на листата на странски работници во Хрватска

Македонците се трети по број на листата на странски работници кои лани официјално имале работни дозволи и работеле во Хрватска, објавува Телма. Освен од Македонија, работници во Хрватска има и од Филипини, Бангладеш, Косово, Турција и Албанија. Вкупно Хрватска издала 172 илјади работни дозволи на странци за трајно вработување, што претставува рекорд во оваа држава.

Според податоците кои ги објави хрватското МВР, лани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија. Многумина од Македонија особено во туристичката сезона заминуваат на работа во оваа држава која е дел од Европската Унија и има развиен туристички сектор.

Најмногу странски работници во Хрватска, над 23 илјади, имало од азиската држава Непал. Потоа следуваат Индијците, над 15 илјади странски работници работеле лани во Хрватска.

Хрватскиот завод за вработување објави дека најмногу странци имало вработени како градежници, келнери и куварски помошници. По сектори највисока просечно нето плата добивале куварите, по 697 евра месечно. Најмалку платени биле доставувачите-странци кои имале просечна плата од околу 560 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот