Караница - Фото: pexels-liza-summer

Мајстори на драмата: Три хороскопски знаци кои секоја ситница ја претвораат во скандал

Сите познаваме барем една личност која од обично задоцнување на автобусот или погрешно сварено кафе може да создаде сцена достојна за турска серија. Додека некои луѓе проблемите ги решаваат мирно и рационално, за припадниците на овие три хороскопски знаци животот е сцена, а тие секогаш се во главната, трагична улога. За нив ситниците не постојат – секое недоразбирање е предавство, а секоја мала пречка е космичка неправда за која целиот свет мора да дознае. Еве кои три знаци се најголемите мајстори на драмата.

Лав

Кралевите на драмата не се на списокот случајно – на Лавовите им е потребно внимание како воздух за дишење. Ако Лав почувствува дека не е во центарот на вниманието или го игнорирате, тој нема да седи пострана. Ќе направи скандал, ќе го подигне тонот или ќе инсценира „сцена“ само за да се сврти вниманието повторно кон него.

Нивната драма е гласна, блескава и многу јавна. Лав од обична расправија околу тоа кој да оди во продавница може да создаде епски монолог за тоа колку е непризнат и како целиот дом се распаѓа без неговата жртва. Со Лав никогаш нема мир, но мора да се признае – нивните скандали се барем забавни за гледање (ако не сте нивна цел).

Рак

Драмата кај Раковите е сосема поинаква – тивка, тешка и исполнета со емоционален притисок. Рак нема да вика на вас среде ресторан, но ќе ве гледа со солзи во очите и со треперлив глас ќе праша: „Како можеше да ми го направиш ова?“

Тие се мајстори во претворање на ситници во длабоки емоционални рани. Ако заборавите да одговорите на нивна порака, Ракот тоа ќе го протолкува како знак дека веќе не го сакате и дека целата ваша заедничка приказна била лага. Нивната драма трае со денови – се повлекуваат  во себе и ве тераат да молите за прошка со часови, дури и кога всушност не сте направиле ништо лошо.

Овен

Овенот не драми затоа што е повреден (како Рак) или сака внимание (како Лав), туку затоа што е хронично нетрпелив и експлозивен. За Овенот секоја пречка е лична навреда. Ако се заглави во сообраќај, ќе пцуе толку гласно што ќе го слушнат три улици подалеку. Ако во ресторан му донесат погрешно јадење, е способен да повика менаџер и да бара целата кујна да се реорганизира.

Нивната драма е кратка, но неверојатно интензивна – како летна бура која руши сè пред себе. Проблемот е што Овенот по пет минути сè заборава, додека сите околу него сè уште треперат од шокот предизвикан од скандалот што токму тој го приредил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот