Мајката на Вања бара јавноста да биде исклучена од судењето за смртта на нејзината ќерка

судење за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска на денешното рочиште за убиството на нејзината ќерка преку Обвинителството побара од Судот јавноста да биде исклучена од судењето за смртта на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски поради заштита на нејзиниот приватен живот.

Како докази за тоа доставила дека медиумското известување ја продолжувало болката на Зорица Ѓорчевска, а ОЈО до Судскиот совет доставило психијатриски наоди за пост трауматско стресно растројство.

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот