Мајката на убиениот Пино се откажа од вербата во судската правда за нејзиниот син

Фото: Слободен печат

По одлуката судот да го одложи стартот на судењето за соучесничката на убиството во Пино Секондо, Ангела Ѓорѓиевска (22), неговата мајка Маја Трпковска изјави дека повеќе нема верба во судската правда за нејзниот син.

– Сабајлево дојдов со голема верба. Сега искрено се предавам, кревам раце. Што сакаат, тоа нека прават, моето дете назад нема да ми го вратат – изјави таа.

Трпковска направи паралела и рече дека доколку случајот бил во Америка, соучесничката ќе добиела доживотен затвор.

– Мене ми е срам од мојот сопруг Италијанец кога ќе му кажам што се случува со судството во Македонија. Сега си одам од тука. Моето дете е мртво и убено, која правда ќе ми ја дадат? – праша вознемирената мајка на Пино.

Пинета Секондо исчезна од 11.12.2018 година, а исчезнувачењето во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења.

Одложен стартот на судењето за убиството на Пино Секондо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот