Одложен стартот на судењето за убиството на Пино Секондо

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Барам судот да ни овозможи временски простор за да може одбраната да се подготви соодветно за својата одбрана побара денеска адвокатот Еленко Миланов, адвокат на Ангела Ѓорѓиевска (22) обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Пино Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани на главната судска расправа која започна денес во Кривичниот суд.

Обвинителката во овој случај Лидија Раичевиќ рече дека е неприфатливо таквото барање за државата бидејќи одбраната имала доволно време да се подготви и дека тоа барање оставсло лош впечаток и на штета на обвинетата.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Откако се изјаснија двете страни, судот денеска одлучи почетокот на процесот да биде на 27 овој месец.
Пинета Секондо исчезна од 11.12.2018 година, а исчезнувачењето во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења.

На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (27) и А.Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.

За време на истрагата првообвинетиот Али Фуркан избега од Скопје. МВР по него распиша меѓународна потерница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот